Општините не плаќаат, депонијата Русино пред затворање – Гостивар, Желино и Јегуновце, најголеми должници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За само пет месеци откако почна со работа депонијата Русино, општините од Полог направија долг од 3 милиони 600 илјади денари бидејќи не платиле за отпадот што го фрлиле.

„Комуналните претпријатија имаат големи долгови и овој долг стигнува до 1 милион 600 илјади денари, пресметано со субвенции вкупниот долг е 3 милиони 600 илјади денари за 5 месеци работење и доколку овие долгови не се вратат ќе имаме потешкотии со исплатата на операторот кој ја одржува депонијата и тој би побарал да го раскине договорот, нема да можеме да ги платиме вработените, секако дека нема да можат да доаѓаат на работа и тоа ќе го блокира влезот на депонијата до исплата на долгот“, истакна Бесим Догани.

Најголеми должници се општините Гостивар, Желино и Јегуновце. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вели дека го платиле најголемиот долг, а додава дека мора да се најде трајно решение.

„Извршивме дел од уплатата, остана уште мал дел. Над половина плативме  остана помалку од половина од тоа што имавме како обврска како општина Гостивар, денеска имаме средба со општините од полошкиот регион и бараме долгорочни решенија и се надеваме дека ова решение ќе се изнајде барем до крајот на мандатот“, вели Арбен Таравари.

Депонијата Русино е формирана како заедничка депонија за општините на Полог. Иако сега се појавија проблеми со плаќањето, цените ги поставија самите општини.