Орбан: Подготвени сме да ѝ помогнеме на Украина кога ќе ја добиеме нафтата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека ставот на земјата е многу едноставен – ние сме подготвени да ѝ помогнеме на Украина кога ќе ја добиеме нашата нафта, која тие ја блокираат.

Тој им рече на новинарите во Брисел, во пресрет на седницата на Европскиот совет, а кога беше прашан за нафтоводот „Дружба“, кој не работи од крајот на јануари, и за деблокирањето на кредитите за Украина, рече дека дотогаш нема да поддржи никаква одлука во корист на Украина.

„Чекаме нафта, сè друго е раскажување бајки. Веруваме само во факти. Нафтата треба да пристигне во Украина. Дотогаш, не можеме да поддржиме никаков проукраински предлог“, рече Орбан.