Орбан: Само една личност во универзумот со два телефонски повици може да ја прекинe војната во Украина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, рече дека Соединетите Американски Држави мора да покренат иницијатива за прекин на огнот во Украина.

„Претседателот на САД е единствената личност во универзумот што може да упати два одлучувачки повици, до Киев и до Москва“, рече Орбан.

Според Орбан, тој претседател може да биде само поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп ако добие нов мандат како претседател на САД.

Орбан рече и дека не го интересираат целите кои Русија и Украина ги тераат во конфликтот, туку дека само сака војната да заврши што е можно поскоро. Унгарскиот премиер исто така истакна дека доколку Ангела Меркел останала Канцелр на Германија, војната немало до толку да се прошири.