Утрово во Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загуби 19-годишен мотоциклист. Тој со својот мотор се судрил со автобус, по што бил пренесен во болница, каде била констатирана смрт.
„На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од с.Големо Коњари, Прилепско“, соопштија од полицијата. По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница-Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп“, стои во соопштението на МВР.
Фото: Архива
