„Мицкоски ветуваше дека ќе ја реформира партијата, за да заглави во 19-вековни теми повеќе и од Груевски што заглави“.
Ова го истакна Сашо Ордановски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тој вели дека ваквите теми во Македонија имаат лимит.
„Тој лимит се пресметува колкав е, и тој лимит не те носи во изборна победа да владееш. Сега на тие теми има многу чувства, емоции и.т.н., тие теми секогаш имаат поддржувачи во македонското општество, тоа не е тајна, меѓутоа тој ќе доживее повторно пораз бидејќи ако се случи на овие локални избори СДСМ и ДУИ да одат со некаква коалиција, тогаш проста е математиката. Точно можеш да пресметаш во колку општини ќе изгуби ВМРО-ДПМНЕ, при тоа без блескави градоначалници во низа општини каде што владее СДСМ“, додаде Ордановски.
