Организатор на протестите кои ги поддржа ВМРО-ДПМНЕ доби кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Скопје денеска (27.04.2021) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021  организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести.