Оштетени куќи и штали во Желино – земјоделците не ги пријавиле, велат дека не биле информирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бајрамали Џафери е еден од сточарите во село Палатица, општина Желино. Неговото семејство со генерации се занимава со сточарство. Тој покажува дека градот му го уништил целиот род и за храна за него и за животните. Тој апелира државата да помогне. Тој се жали дека до сега никој не бил да ги посети неговите ниви, но ниту самиот Бајрамали не ја пријавил штетата во општината бидејќи, како што вели, не бил известен.

Уништени се 25 килограми пченица, 30 килограми пченка и пиперки се оштетени на простор од 800 метри. Имаме многу штети. Ние сме сточари од пред 215 години, се занимаваме со сточарство. Ни ги уништи и пченката и пченицата. Не, не, ниедно зрно нема на класјето, дури и тревата е уништена како со коса. Ако ни помогнат, не значи дека ни даваат пари, нека ни дадат жито, да се подготвиме за зима, не дека само живееме од тоа, туку и се прехрануваме“, порача Бајрамали Џафери.

Штети има не само во посевите туку и во куќата. Оштетени се фасадите и шталите.

Како што гледате овој дел тука е уништен, се ова треба да се фрли, како што гледате уште има вода во шталите, на куќата е уништена фасадата од дождот, имаме штета. Тука кај пченицата, кај шталите, штетата е околу 12 илјади евра, тој дел го користиме, се храниме од тоа. Никој не дошол воопшто, никаква информација, сами презедовме иницијатива и саниравме. Апел до институциите да излезат на терен и ада ја видат штетата, ние не ги обвинуваме институциите, тоа е од природата, но подадена рака е од голема помош“, вели Пајтим Реџепи.

Штетите во општина Желино се поголеми од тоа што граѓаните пријавиле во општина и полиција. До вчера имало 40 пријави, но денеска дознавме дека никој од земјоделците и сточарите што ги посетивме не ја пријавиле штетата. Велат дека не биле информирани.