Оштетувања на неколку објекти на Крит по силниот земјотрес утрово, граѓаните се надвор од своите домови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оштетувања на неколку згради во Ираклеон, најголемиот град во островот Крит во Грција, се регистрирани по утринскиот земјотрес од 6 степени по Рихтер.

Улиците на Крит се преполни со луѓе, со оглед дека после силниот, следуваа и неколку помали потреси со над 3,5 степени.

Јоргос Саслис, човек кој живее и работи на Крит, напиша дека ќе работи надвор по денешниот земјотрес.

„Запознајте ја мојата нова канцеларија после земјотресот“, напиша Саслис.

Засега нема информации за жртви или повредени лица во силниот земјотрес кој утрово го погоди Крит.