Куќи, објекти и вредни предмети ги осигуруваме во случај да бидат украдени, но истото не го осигуруваме во случај на елементарни непогоди. И покрај тоа што Македонија во изминатите години се соочуваше со многу пожари и поплави, малку се оние кои ги обезбедуваат земјиштето и посевите во случај да настрадаат од елементарни непогоди.
Тоа се должи на ниската и недоволна свест кај граѓаните. Експертите велат дека е неопходно осигурување на земјиштето и посевите, бидејќи загубите се надоместуваат во случај на елементарни непогоди.
Состојбата е слична во сите европски земји. Експертите истакнуваат дека потребно е да се едуцира јавноста за предностите и придобивките од осигурувањата.
„Многу е тешко да ги убедиш луѓето да земат осигурување, бидејќи никој не сака да размислува за опасности. Луѓето забораваат да направата осигурување за несреќи. Состојбата е иста и во Белгија, и Северна Македонија. Тоа е проблем што го имаме и треба да ги едуцираме граѓаните да бидат посвесни за опасностите“, вели Карел Ван Хуле.
Природните непогоди се потсетување колку е важно да се заштитат граѓаните од ваквите опасности, кои го загрозуваат животот, здравјето и имотот. Сумата за осигурување секогаш е повисока доколку се прави веднаш по природна непогода.
