Сите погледи од полноќ па до утринските часови ќе бидат свртени кон телевизискиот приемник кој пак ќе ви прикаже директен пренос од театарот „Долби“ во Лос Анџелес.
Гламурозна вечер, со гламурозни личности, а меѓу нив и нашите од „Медена земја“. Сите пикантерии од црвениот тепих, доделувањето на наградите и се она што ве интересира во врска со оскарите, ТВ21 ќе ви го презентира преку нашиот сајт.
Ќе погледнеме каква е и атмосферата низ Скопје за време на Оскарите и секако дали ќе успееме да го собереме медот, кој го заслужуваме. Со рубриката ОСКАР на TV21.mk започнуваме од 22 часот. Бидете со нас!
