4 јануари. Децата во паркот во Чаир уживаа во сончевото време. Повлекувањето на маглата и загадувањето уште повеќе им ја зголеми радоста.
„По 4 дена магла, конечно скопјани уживаат во почетокот на годината со сончево време, а децата зад мене изгледаат многу среќно играјќи си, како да е пролет“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.
Во паркот не недостигаат ниту пензионерите, некои од велат дека 4 дена не излегле од дома, а ова попладне уживаат во убавото време.
-Денеска излеговме, како пролет е, бидејќи 4-5 дена со раката на гради бев, поради маглата.
-Имавте некаков здравствен проблем поради загадениот воздух?
-Се пазев, сопругата ми рече чувај се бидејќи ќе се изгубиш некаде, и не излегував.
ГРАЃАНИН
-Дали овие 4 дена излегувавте од дома поради загадениот воздух?
-да ти кажам право излегував.
-Имавте здравствени проблеми?
-Имам, со срцето не сум добар.
Иако без магла изгледа почисто, мерењата покажуваат дека Скопје и натаму е со загаден воздух, а на светско ниво и денеска сме во топ 10 најзагадени градови во светот. Во првите 4 дена од новата година, од високо Скопје изгледаше целосно покриено под маглата, измешана со загадениот воздух од автомобилите и греењето на градот. Во вакви случаи, здравствените власти препорачуваат децата и возрасните како и лицата со чувствително здравје да не излегуваат често од дома.
