Бујар Османи, министерот за надворешни работи вечерва во 21Анализа на ТВ21 кажа дека постои опасност Северна Македонија да се најде во групата на земји од Западен Балкан со отворени прашања, и тоа би ја забавија интеграцијата на земјата во ЕУ.
Османи кажа дека неразумната политика на опозицијата може да придонесе за вакво нешто.
„Не може ЕУ да даде порака на Украина, без да даде порака во Западен Балкан, затоа што ќе го загуби кредибилитетот. Регионот ќе се дели на две групи: земји со отворени прашања кои не можат формално да добијат шанса за брза трака, и земји кои може да си добијат. Северна Македонија, Албанија и Црна Гора засега во втората група, и ги имате БИХ, Србија и Косово во првата група поради отворените прашања, и тие не може да добијат шанса. Наредните месеци може да преминеме во групата на земјите со отворени прашања, и односот да биде 2-4. Можно е ние да влеземе во групата на земји со отворени прашања, и тогаш оние експерти кои велат дека ние сме го билатерализирале процесот ќе сфатат што е билатерализација. ЕУ ќе ни каже да го решиме прашањето со Бугарија, како што Србија ќе го реши Косово или Косово со Србија, или БИХ со Република Српска… влегуваме во таа група. Е, таа услуга и ја прави на државата оваа неразумна политика на опозицијата. Додека имаме шанси следните месеци да влеземе во оваа брза патека со Албанија и со Црна Гора“, рече Османи.
