Османи: Имаме одлична соработка со СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека имаат одлична соработка со СДСМ.

„Работиме заедно на многу проекти. Владата и коалицијата функционираат одлично. Со СДСМ функционираме одлично. Нормално е да има одредени разлики, но сепак соработката е одлична“, посочи Османи.

Како одговор за изјавите на Изет Меџити за тоа дека министрите Албанци од ДУИ не се активни во Владата, Османи порача дека од сите претходно, моменталното раководство на Министерството за финансии е најпрофесионалното досега.

„Не е важно дали со Министерството за финансии раководи Албанец или Македонец, или ДУИ или СДСМ, важно е што сите се согласуваме дека моменталното министерство за финансии е најпрофесионално досега, од сите претходни раководства. Министерството раководи професионално и важно е да се работи за сите граѓани“, вели Османи.