Османи: Најдобро е секој за себе да си биде полицаец, колективните рестриктивни мерки не даваат резултат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бујар Османи на денешното предавање на машини за кислородна поддршка на болницата „8-ми Септември“ донација од Кралството Норвешка, го објасни најдобриот начин за заштита од коронавирусот.

„Секој треба да си биде на себе полицаец. Мерките се многу лесни. Носењето на маска, потоа личната хигиена и однесувањето како да сте позитивни и да имате контакт со некој кој е позитивен, е најдобар начин“, кој напомена дека денеска на Комисијата за заразни болести не станало збор за враќање на карантините во некои градови.

„Колективните мерки очигледно не даваат резултат. Овие бројки од денеска се од времето кога имаше полициски час“, рече Османи.