Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека ниту една држава не може да го спори правото на внатрешно уредување и внатрешното самоопределување на земјата.
„Ниту една држава не може, независно дали е однос на земја членка кон земја кандидат или билатерален однос помеѓу две држави, не може да го спори правото на внатрешно уредување и внатрешно самоопределување на земјата“, истакнува Османи.
Тој додава дека државите признаваат држави, а не го регулирааат внатрешното уредување и самопределување на граѓаните.
„Тоа е суверено право на државата и граѓаните како ќе се организираат. Од тука тој пристап на некој начин значи и нарушување на тие фундаментални вредности“, порачува министерот Османи во „10 Минути“ на ТВ21.
Тој вели дека иако граѓаните барале повеќе информации, како и поемотивни реакции на реакциите коишто доаѓаа, сепак тие сметале дека поважна е целта за тоа дека не треба политичкиот дискус така да се деградира до тоа ниво и да им попречи пат на политичките односи.
„Работевме цело време, интензивно и искрено. Со Република Бугарија уште работиме преку работни групи, преку комуникација на министри, преку делегации, меѓутоа и со земјите членки за да најдеме решение во рамки на одредени основни фундаментални правила“, завршува Османи.
