Бујар Османи, министерот за надворешни работи вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21.
Зборувавме за назначување на амбасадори во странските држави, а Бујар Османи рече дека останува на сила забраната за назначување на амбасадори
„Измените на законот за повлекување на забраната за назначување на амбасадори за тие што имаат двојно државанство беше на иницијатива на пратениците, и не се постигна согласност, и беше повлечен. Во моментов е на сила законот за забрана на назначување на амбасадори кои имаат државјанство поинакво од она на Северна Македонија.
Во новиот предлог закон кој утре го пуштаме на јавна расправа, исто така ќе стане збор за забрана на назначување на амабсадори кои имаат второ, односно двојно државјанство“, рече Османи.
