Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил се јави со реакција по повод изјавата на министерот за одбрана на Србија и претседател на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ.
Османи очекува појаснување од министерот.
„Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството. Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Р. Србија и Р. Косово. Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија“, вели Османи.
