Денеска во улога на сведок за случајот „Монструм“ беше и вицепремиерот Бујар Османи, кој за време на случајот беше портпарол на ДУИ. За овој случај сведочеше и претседателот на партијата Али Ахмети, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
„Очекувам транспарентен судиски процес. Секој збор се следи од јавноста, но и од страна на меѓународните фактори, со цел да се вгради доверба и овој процес да се деполитизира и деетнизира, и случај во кој врз основа на фактите ќе се донесе одлука. И не само на овој, туку и другите случаи кои оставија лош впелчаток во јавноста да се донесат одлуки врз докази и факти“, рече Османи.
