Османи прозборе за Бесмира Ејупи – вработувањето во МНР на несудената конзулка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По неколку дена молк од МНР во врска со вработувањето на поранешната презентерка Бесмира Ејупи, министерот Бујар Османи конечно прозборе. Дури прес конференцијата за започна велејќи дека лично изразил желба да одговори за случајот со Ејупи, барајќи од новинарите да не им замерат на неговите служби што деновиве не излегле со одговор. Објасни дека Ејупи е префрлена од Министерството за политички систем и дека не е вработена преку конкурс.

Појасни дека со систематизацијата Министерството има потреба од уште педесетина нови вработувања заради пензионирање на дел од персоналот. Ја отфрли информацијата дека Ејупи е вработена како советничка и дека се подготвува за конзулска функција.

Прашањето за Бесмира Ејупи стана актуелно откако почнаа да кружат информации дека се размислува за нејзино назначување за конзул во Њујорк и во друг случај кога истовремено била ангажирана и земала плата од Државното правобранителство и неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12 илјади евра.