Османи: Работиме на тоа во регионот меѓу првите да започнеме со вакцинација против коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави видео во кое нагласува дека се работи на тоа да бидеме меѓу првите земји коишто ќе започнат со вакцинација против коронавирусот.

„Работиме со нашите пријатели да бидеме меѓу првите земји коишто ќе почнат со вакцинирање. Да продолжиме да ги почитуваме мерките и да носиме маска, доаѓаат подобри денови и за здравството, но и за општеството“, порачува Османи.