Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи утре седнува на маса со најмоќните сојузници.
Османи, ќе биде првиот политички претставник од РСМ кој физички ќе присуствува на состанокот на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО.
Според објавеното видео на Фејсбук профилот на министерот посета ќе биде искористена и за лобирање околу самопопишувањето на нашите граѓани од дијаспората.
Османи во видео снимката, исто така, посочува дека бројот на попишани граѓани од дијаспората ја надминала бројката од 100 илјади, што е за пофалба, а додава и дека тргнува рано со цел да го искористи денот за посета со граѓани и здруженија од дијаспората.
