Османи вели дека Гостивар е запуштен, АА прашува зошто децата му учат во Карпош, а не во Чаир?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За објава на кандидатите за градоначалници, ДУИ го одбра токму Гостивар, град кој актуелно го води АА. Причината за тоа, според портпаролот на Интегративците, Бујар Османи е бидејќи за ДУИ Гостивар е посебно значење, а овие четири години бил запуштен.

„Гостивар е од посебно значење за граѓаните Албанци, за сите граѓани на Македонија но и за нашата организација. Бидејќи овие 4 години беше запоставен. Денес низ улиците на Гостивар кучињата скитници го загрозуваат животот на луѓето и децата. Денес во Гостивар има повеќе казинаа отколку училишта, денес Гостивар е без основна инфраструктура заради градоначалниците кои не се занимаваат со интересите на граѓаните туку со големи политики“, рече Османи.


На ваквата изјава на Османи одговори АА. Од таму го прашуваат Османи зошто неговите деца се школуваат во друга општина а не во Чаир?

„Бујар Османи да не се занимава со Гостивар бидејќи работите што се направени таму можат да бидат сон за функционерите на ДУИ. Нека каже Османи зошто неговите деца ги школува во општина Карпош а не во Чаир каде што управуваат веќе 20 години?“, прашуваат од АА.

Интегративците целат кон Гостивар со екс градоначалникот Невзат Бејта а од АА ја потврдија рекандидатурата на актуелниот градоначалник Арбен Таравари. Инаку Движење Беса во Гостивар ќе настапи со Фадиљ Зендели, актуелен пратеник и потпретседател на Собранието, a ДПА на Мендух Тачи ќе настапи со Рената Елези.