Османи во четврток во Атина – потпишување на три меморандуми за соработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи следниот четврток, на 14 јануари ќе допатува во Атина и ќе оствари средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас, соопшти портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас и Османи предвидено е да потпишат три меморандуми за соработка: едниот ќе биде со „Enterprise Greece“, другиот за цивилна заштита и третиот е за соработка на дипломатските академии од двете земји.