Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ говореше и за забелешките на Бугарија кон Северна Македонија.
„Забелешките на Бугарија се дека Северна Македонија по членството во НАТО добила некаква самодоверба и се повлекла од обврските кои ги има согласно Договорот. Да бидам искрен, кога го слушнав ова првпат, направив анализа во Министерството со цел да видам дали има промена во нашето однесување пред и по членството. Всушност, немаше промена. Единственото нешто што го констатирав како влијание, беше пандемијата и изборите“, изјави Османи.
