Османи за португалскиот предлог: „За Македонскиот јазик две унилатерални изјави“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пред медиумите излезе за да зборува за темите на Преспанскиот форум, но новинарите најголема заинтересираност изразија за прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

Што се однесува до изјавата на министерката на Португалија за Европа, Ана Паола Закаријаш, која изјави дека „Македонскиот јазик бил дел од бугарскиот“ Османи рече дека Да Силва изразил жалење.

Изрази жалење за тоа како таа се изразила и ја реафирмираше уште една позицијата на Португалија дека нивниот став и за јазикот и за другите прашања кои се дел од спорот со Бугарија, останува тоа што е испратено во документот напишан како предлог“, вели Османи.

Што се однесува до ставот на Бугарија дека македонскиот јазик е бугарски и дека е кодифициран во 1945 година, Османи вели:

Предлогот на раководството е да се даде унилатерална изјава и од нас се очекува да се потврди фактот дека јазикот е кодифициран како примарна кодификација во 1945 година.“, вели Османи.

Овие изјави министерот Осамни ги даде во рамките на настапот пред медиумите на Форумот во Преспа за дијалог.