Османи за ТВ21: Ќе се обидеме за деблокада со техничките институции, ако Бугарија не успее да формира Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако има одлука за предвремени избори во Бугарија, како што се зборува, или пак техничка влада, сепак треба да се најде начин да се продолжи комуникацијата меѓу Северна Македонија и Бугарија и да се најде компромис, за Скопје да не ја изгуби шансата во јуни да почне со преговори со ЕУ, вели за ТВ21, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Мислам дека итно треба да се најде начин за деблокирање на процесот. Бугарија ги знае последиците од одолговлекувањето на оваа одлука, затоа јас прво се надевам најбрзо да има политички институции, но и ако нема политички инсититции, а има преодни-технички институции, треба да најдеме начин како да го деблокираме процесот“, рече Османи.

Османи емисијата „10минути“ објаснуваше зошто јуни е, како што кажа, „златна можност“.

„После и ние влегуваме во избори, и Бугарија влегува во Претседателски избори, и ова уште повеќе ќе ја комплицира ситуацијата, бидејки бевме сведоци дека изборите не го помагаат процесот“, рече Османи.

Министерот за надворешни работи надополни дека последните обиди на земјите членки на ЕУ за помош на процесот со источниот сосед, и бараат начин како да го деблокираат процесот.