На 28 јануари 2026 година, полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба на Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода четири лица од неготинско село, на возраст од 40, 26, 22 и 20 години.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лицата се сомничат за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, казниво по член 188 од Кривичниот законик. Според сомненијата, тие извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка.
Осомничените биле задржани во полициска станица, по што се спроведени пред Основниот суд Кавадарци. Судот им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.
По донесената одлука, лицата се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
МВР информира дека постапката продолжува во координација со надлежното јавно обвинителство.
