Остра дебата за кучињата скитници во Кичево, општината без рокови и конкретен план за изградба на стационар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Решавањето на проблемот со кучињата скитници во Кичево беше тема на остра дебата во општинскиот совет. Претставничката на Општината за третирање кучиња скитници, Емилија Петреска, презентирајќи ја програмата кажа дека се издвоени 1 милион денари за третирање на кучињата, 600 илјади денари з а кампања за подигање на свеста и 20 милиони донација за кучињата скитници. Но од сите овие обезбедени средства за 2022 не е објавен ниеден конкретен план за проблемот со кучињата скитници освен за нивно третирање.

Советниците го кренаа гласот барајќи конкретен рок за изградба на стационар бидејќи, според нив, ваквата состојба го оштетува општинскиот буџет, бидејќи оштетите што ги добиваат граѓаните кои биле каснати од кучиња скитници достигна висока сума. Податоците на СВР Охрид покажуваат дека во текот на 2021 имало 237 напади од кучиња скитници и минималната оштета што ја добиваат граѓаните изнесува 500 евра. Базирајќи се на овие бројки, советникот на АА, Абдула Сејдини рече дека општината за 2021 дала 120 илјади евра оштета.


Ако ги погледнеме овие издвоени средства поради недостиг на стационар, тогаш тоа е товар за буџетот на општината и од друга страна граѓаните не се безбедни.
Советничката од СДСМ, Олгица Попоска вели дека бројот на каснувања од кучиња скитници е многу повисок.


Советникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека потребно е да се има рок за изградба на стационар а не само да предвидуваме како да читаме хороскоп.

Седницата на советот беше прекината бидејќи претседателот на Советот си замина без да образложи зошто. Советниците од опозицијата рекоа дека ова се случува поради немањето мнозинство гласови за следните точки.