Реакции со осуда на нападот на Русија врз Украина стигаат од сите политички и општествени чинители во земјава. Претседателот на државата Стево Пендаровски го свика Советот за безбедност на кој беше осудена воената инвазија врз Украина а воедно информираа и дека се преземаат сите неопходни мерки за нашите граѓани кои во моментот се таму за безбедно да се вратат во земјава.
„Членовите на Советот констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна. На седницата беше информирано дека земјава има доволно стокови резерви и енергенси. Македонските граѓани кои се наоѓаат во Украина. Државата ги презеде неопходните мерки за нивна безбедна евакуација како и на вработените во нашата амбасада во Киев“, велат од кабинетот на Претседателот на РСМ.
Украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук со силни критики кон Руската федерација. Целта на воената операција е уништување и насилно заземање на украинската држава со воспоставување окупациска контрола, изјави амбасадорката и ја повика меѓународната заедница да преземе неопходни мерки.
„Ова е чин на војна, напад на суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, грубо кршење на Повелбата на ООН и основните норми и принципи на меѓународното право. Украина го активира своето право на самоодбрана во согласност со меѓународното право. Украина ја повикува меѓународната заедница веднаш да дејствува. Само обединети и решителни чекори можат да ја запрат агресијата на Владимир Путин против Украина,“ рече Задорожњук.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата Амбасада е во контакт со македонските граѓани и дека засега две семејства побарале помош.
– Се разбира, ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку апели за да се искористат сите можности преку комерцијални летови да се вратат овде во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата Амбасада. Таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани коишто бараат документи за да може да ја напуштат земјата, вели Османи.
Последиците од нападот врз Украина ќе бидат далекусежни и многузначајни, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери.
20.48 на алб 21.59 ставот мој и на Собранието
ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ 18.18 мкд
„Последиците се далекусежни и многузначни. Значи не само од воен аспект или географски аспект, туку особено тоа е од економски аспект, секако ќе има соодветни влијанија и врз регионот и пошироко во светот, значи не е работа која треба да се третира само од контекстот дека географски дали сме блиску или далеку. Од воен контекст секако е поспецифична ситуацијата и покомплицирана воопшто за меѓународната заедница“
-Ставот на Собранието и на државата е дека Украина има свој територијален суверенитет и треба да се почитува од сите. Иако воените дејствија ескалираат, приоритет треба да има дијалогот, преговорите и разговорите, сѐ додека се исцрпат сите инстанци. На Украина ѝ припаѓа правото да може да има право на соодветен одговор како и секоја суверена земја, вели Џафери.
Владата свика и посебна седница на која беше заклучено дека Македонија се придружува кон Европската Унија со санкциите кон Руската Федерација. Санкциите се однесуваат за одреден број лица од политиката и бизнисот кои имале улога за настанатата ситуација во Украина и за нив се воведува забрана за патувања низ земјите на ЕУ како и користење на фондовите во Унијата.
Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, да извести дека Северна Македонија се придружува кон новиот пакет на рестриктивни мерки на Советот на ЕУ, заедно со сите претходни одлуки за рестриктивни мерки од 2014 година до сега, во поглед на ситуацијата во Украина, и да ја започне постапката за нивно спроведување.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски преку статус се огласи на фејсбук во кој ја осуди воената агресија на Русија врз Украина.
„Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир. Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбденоста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојбата, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба“, рече Ковачевски.
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека тој својот став го кажал пред дваесет дена на состанокот со амбасадорот на Руската федерацијата во Македонија Сергеј Баздникин.
„Територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат”. Она што исто е важно за мене како човек и Македонец, како Македонија ќе се справи со актуелните предизвици на економски и енергетски план“, рече Мицкоски.
Русија доцна синоќа ја започна инвазијата врз Украина, за што наиде на бројни реакции но и стравувања дека тоа ќе се одрази и врз економската криза.
