Албански државјанин со иницијали А.Д. кој ноќеска успеал да избега од ќелијата во затворот „Идризово“, утринава бил најден на таванот во затворот, пренесува порталот СДК.
Албанскиот државјанин неодамна е осуден на доживотна робија за убиство.
На броењето утринава во 8 часот го немало, по што веднаш бил пријавен како бегалец. Меѓутоа веднаш било пронајдено лицето.
