Цените на нафтата денеска пораснаа за околу пет отсто, откако тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ескалираа по нападите врз комерцијални бродови во Ормускиот теснец.
Цената на нафтата Брент се движеше околу 96 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) достигна околу 88,8 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.
Американската морнарица заплени ирански брод за време на викендот, откако Техеран отвори оган врз бродови и повторно воспостави контрола врз Ормускиот теснец.
