Осум американски сојузни држави, вклучувајќи ги Ајова и Канзас, поднесоа тужби против OpenAI. Тужбите, покренати пред судови низ целата земја, наведуваат дека ChatGPT е штетен за децата бидејќи ги поттикнува малолетниците на самоповредување или на насилство врз други лица, пренесува Ројтерс.
Државите бараат судски налог со кој од OpenAI ќе се побара да го измени начинот на кој ChatGPT функционира за децата. Тие исто така бараат компанијата да се откаже од секаква добивка остварена од малолетни корисници.
Ова не е прва ваква тужба. Главниот обвинител на Флорида поднесе тужба против OpenAI врз слична основа уште во јуни. Компанијата се соочува и со десетици други правни постапки во кои се тврди дека ChatGPT бил користен за планирање масовни пукања и други форми на насилство.
