Осум членови на медицинскиот тим на суд поради смртта на Марадона

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По обвинение за убиство од небрежност, во Аргентина е покрената тужба против осуммина членови на лекарскиот тим, кои се грижеле за здравјето на легендарниот фудбалер Диего Марадона пред да почине од срцев удар, соопшти судот во Аргентина.

Судијата во Сан Исидро, северно предградие на Буенос Аирес, ја прифати тужбата против лекари, психијатри, психолози, менаџери на медицински техничари, медицински сестри и болничари, а тие се обвинети за убиство од небрежност, казниво од осум до 25 години затвор според тамошните закони, пренесува Асошиејтед прес.

Судењето се очекува да започне дури на крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Според обвинителите, обвинетите „биле учесници во невидена, дефицитарна и несовесна домашна хоспитализација“, а извршиле „низа импровизации, лошо менаџирање и пропусти“, кога познатиот фудбалер закрепнувал од операција, што довело до негово смрт.

Марадона почина на 60-годишна возраст на 25 ноември 2020 година, од кардио-респираторен застој.