Осум награди за ансамблот „Љупчо Сантов“ од Оризари на меѓународен фестивал во Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари постигна значаен успех на 23. Меѓународен детски етно-фестивал „Децата на Балканите – со духовност во Европа“, што се одржа од 29 мај до 1 јуни во Минерални Бањи, Хасково, Бугарија, освојувајќи вкупно осум награди.

Ансамблот освои трето место во категоријата фолклорни ансамбли (прва возрасна група), како и специјална награда од „Арт Карнолски“ од Софија во категоријата фолклорни ансамбли (втора возрасна група).

Успешен настап имаа и младите инструменталисти. Павел Наунов освои прво и трето место во категоријата индивидуални солисти на народни инструменти, додека Лука Ангелов се закити со прво и второ место во истата категорија.

Дополнително, Павел Наунов и Лука Ангелов освоија прво место во категоријата дует на народни инструменти. Специјална награда добија и Ева Јорданова, Марија Велинова, Павел Наунов и Лука Ангелов за настап во категоријата вокални фолклорни групи.

Со освоените признанија, ансамблот „Љупчо Сантов“ уште еднаш го потврди својот квалитет и успешната промоција на македонскиот фолклор на меѓународната сцена.