Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 2 пожари, под контрола е 1 пожар, а изгаснати се 5 пожари.
Активни пожари: 2
Општина Босилово – с. Старо Балдовци (гори ѓубре).
Општина Ново Село – с. Бајково (гори ниска вегетација и мешана шума).
Пожар под контрола: 1
Општина Крушево – во атарот помеѓу селата Пуста Река и Цер (депонија и сува трева).
Изгаснати пожари: 5
Општина Долнени – во атарот помеѓу селата Дебреште и Ропотово (ниска вегетација).
Општина Берово – с. Будинарци (ниска вегетација).
Општина Кисела Вода – ул. „Саса“ бр. 13, населба Пинтија (ниска вегетација).
Општина Куманово – месност Пармакови Ниви (ниска вегетација).
Општина Гевгелија – во близина на месноста Мрзенци (дива депонија).
