Пробајте го рецептот за едноставна и брза торта со вишни, идеална за засладување после семеен ручек.
Едноставна за подготовка, совршено вкусна и украсна овошна торта ќе ве воодушеви уште на првиот залак. Користете чаша од 250 ml за мерења.
Состојки:
За кората:
- 2 јајца
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша брашно
- 100 мл масло
- 2 ванилин шеќер
- 1 лажичка прашок за пециво
- 3 лажици какао во прав
За полнење:
- 500 мл слатка павлака
- 400 гр крем сирење
- 100 гр шеќер во прав
- 250 гр цреши од компот
- 150 гр плазма бисквити
Подготовка:
За кората со миксер соединете ги сите состојки, па истурете во калап со дијаметар од 24 см. Се пече во загреана рерна на 170 степени околу 20 минути. Кога ќе се испече кората се остава да се излади, па се сече на три еднакви дела. Скршете еден од нив за декорација.
За филот се мати крем сирењето со шеќерот во прав, па се додава слатката павлака. Матете додека не добиете тврд шлаг. Потоа додадете вишни и бисквити искршени на помали парчиња. Поделете го филот на два дела. Ставете една кора, па филот, па повторете ја постапката. Посипете ја тортата со распарчена кора и ставете ја во замрзнувач неколку часа да се стегне.
