Пропадна и овој обид на пратениците на Европскиот фронт да се донесе Законот за игрите на среќа и забавните игри. Предлогот беше одбиен откако пратениците на Законодавно правната комисија со девет гласови за и двајца против гласаа дека овој закон не е прифатлив и не треба да оди во натамошна процедура. Илире Даути една од предлагачите на овој закон рече дека предложениот текст регулира каде и на кои места ќе може да има обложувалници.
Дојдовме до ситуација дека тие можат да се отворат толку многу вакви објекти на игри на среќа и има такви мислења кои што велат дека игрите на среќа е подобро воопшто да не постојат. Но ние имајќи во предвид и овој елемент каде што не можеме од еден екстремизам да преминеме на друг и дојдовме до решение дека најдобро е да бидат дислоцирани само во хотели со пет ѕвезди, вели Илире Даути од ЕФ.
Даути дообјаснува и дека предлог законот предвидува и сопствениците на објектите на игри на среќа да плаќаат и за секое истакнување називи и рекламни паноа. Таа рече дека најверојатно не се сака да се регулира оваа материја поради тоа што и самата држави добива многу пари.
Ако ние сме создале држава дека не само среќата на некои лица ги поврзуваме со тие автомати на казина и судбината на државата ја поврзуваме со казината, значи што треба да очекуваме друго, 800 милиони евра државата има приходи од оваа дејност. Значи ако ова е таа дејност во која што се инвестира најмногу, што останува за друго, вели Илире Даути од ЕФ.
Од власта уште претходно најавија дека тие ќе поднесат нов закон за игри на среќа кој, како што истакнаа ќе биде многу поригорозен со што постепено ќе се решава проблемот на експанзија на отворање игри на среќа.
