Откако се тестираше и испадна позитивен на Ковид-19, Паркер игра тенис и излегува во ресторани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

Три дена откако објави дека позитивно се тестирал за новиот коронавирус, крилото на Сакраменто Кингс Џабари Паркер бил забележан како игра тенис во Чикаго без заштитна маска, а потоа отишол и во ресторан.

„ТМЗ“ објави две фотографии на кои се гледа како Паркер игра тенис без маска и сподели дека фотографиите се направени порано во текот на денот. Веб-страницата додаде дека „Џабари бил забележан во ресторан повторно во Чикаго“. И покрај тоа што сè уште не е јасно кога Паркер се тестирал позитивно и кој е точниот статус на неговото закрепнување, клубот издаде изјава во саботата попладне, откако се појавија информации на ТМЗ.

– Ние сме свесни за извештајот и собираме дополнителни информации. Нема да коментираме понатаму во оваа фаза, велат од клубот.

НБА лигата бара од секој играч кој се тестира позитивно за Ковид-19 за да избегне физичка активност најмалку 14 дена. 25-годишниот Паркер во средата изјави дека се тестирал позитивно за коронавирусот „пред неколку дена“ и дека е изолиран во Чикаго. Тој додаде дека планира да им се придружи на своите соиграчи следниот месец во „Дизни свет“ во Орландо, Флорида, каде ќе биде продолжена редовната сезона во НБА.

Неговиот соиграч, Алекс Лен исто така во средата објави дека е заразен. Според извештаите, уште еден играч на Сакраменто, Бади Хилд се тестирал позитивно, но ниту организацијата, ниту тој го потврдиле тоа.

Екипите ќе започнат да пристигнуваат на Флорида на тренинг камп до 11 јули, а сезоната повторно ќе започне на 30 јули.

Кампањата во НБА беше прекината на 11 март.