„Од 35 евра данокот падна на 1,18, што е во рамките на другите општини и согласно законот за цела Македонија“, додава Неџат Шахини.
Неџат Шахини, го информира Одборот на стопанствениците на индустриската зона Визбегово дека општината Чучер Сандево го намалила данокот од 35 на 1,18 евра.
Општинскиот совет на Чучер Сандево, пред неколку години донесе одлука данокот во износ од 1 евро, цена која важи за сите општини, да се зголеми на 35 евра. Бизнисмените од Визбегово реагираа нарекувајќи ја одлуката неправедна.
„Општинскиот совет на Чучер Сандево на 19-ти февруари 2020 година успеа да ги нивелира даноците за градежно земјиште и да ги донесе во рамките на актуелниот закон. Ова значи дека во моментов во зоната Чучер Сандево објектите од категоријата Г1 и Г4 достигнуваат до 1,18 евра во денарска противвредност“, додава Таип Јакупи.
Тања Кроневска, член на Здружението на стопанственици на индустриска зона Визбегово, рече дека се задоволни што дел од проблемите со кои се соочувале бизнисмените, почнале да се решаваат.
ТВ21 во неколку наврати известуваше за незадоволството на бизнисмените околу високите цени на даноците што ги воведе општината Чучер Сандево. Пред неколку недели го прашавме и градоначалникот на општината – зошто даноците во оваа општина се повисоки од останатите општини, на што тој ни одговори дека одлуката била донесена од Советот на општината. Пред неколку дена бизнисмените од Визбегово остварија средба и со министерот за економија, Крешник Бектеши, кој им вети канализациона и водоводна мрежа, уверувајќи дека средствата веќе се обезбедени.
