Откако УЕФА покрена постапка, албанскиот играч Даку се извини за срамното однесување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако се соочи со дисциплинска постапка покрената од страна на УЕФА поради неговото недолично однесување по завршуње на мечот со Хрватска, и можноста да добие суспензија од следниот натпревар на ЕВРО 2024, албанскиот репрезентативец Мирлинд Дарку преку социјалните мрежи се извини за својата постапка.

Даку, како што е познато, по крајот на мечот меѓу Хрватска и Албанија пред албанските навивачи почна да извикува пцовки кон Македонците и Србите, со што наиде на осуда на поголемиот дел од европската фудбалска јавност.

„Простете ако навредив некого после натпреварот со Хрватска. Ефектот на натпреварот си го прави своето. Простувањето е човечко, а јас чувствувам морална и професионална обврска да се извинам. Продолжувам да работам заедно со целиот тим за да ги исполниме нашите соништа“ – напиша Даку меѓу другото на социјалните мрежи.