Откритие на научниците кое шокира: Земјата за малку ќе се „превртела“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Планетата Земја во еден момент за малку ќе се „превртела“. Тоа се случило пред 84 милиони години, тврдат научниците во новата студија.

Меѓународен тим на научници во студија објавена во магазинот „Nature” се наведува дека Земјата се свртела за 12 степени во перидот од 79 до 86 милиони години, што довело до тоа, на пример, Њујорк се најде на денешното место на Флорида, вели Сара Слоцник, членка на научниот тим.

Научниците ја анализирале палеомагнетската лава како историски наслаги најдени во Италија. Анализата покажала дека Земјината кора се поместува за околу три степени на секои милион години.

Како што објаснуваат, после наведнувањето од 12 степени, Земјата се вратила во првобитната позиција. Доколку не се вратила, тогаш тоа можело да остави трајни последици на Земјата.