Отпад, улици, кучиња скитници… – Што очекуваат кичевчани од новиот градоначалник!?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Отпадот, улиците, кучињата скитници и чистотата се дел од барањата на граѓаните на Кичево, кои очекуваат да ги реализира новиот градоначалник на оваа општина, Александар Јовановски.

„За Кичево, прво кучињата скитници, депонијата и патот до болницата треба да се средат.“

„Да ги види граѓаните и да слушне што сакаат, затоа што јас како граѓанин сакам многу работи, но прво треба да се средат аномалиите. Сите знаат кои се тие: отпадот, да се работи со комуналците, има од нив што не одат на работа, а земаат пари. Второ, и третото е да работи за сите.“

„Како што се гледа од претходното раководство, реката стана депонија, целиот град е депонија. Се надеваме и знаеме дека новиот градоначалник ќе ја среди сета останата работа како што треба.“

„Мислам дека треба да работи за економијата на градот. Кучињата не се најважни, туку луѓето да имаат работа и да се вратат од иселништво.“

„Сите ветуваат, а ништо не реализираат, сакаат пари. Кој ќе работи во оваа држава? Никој, сите сакаат да земаат пари и да не работат. Да ја средат депонијата, да ги средат улиците, да се гледа и селата не се исчистени, од каде што доаѓаат тие, никогаш не средиле дупки, не пресекле ниту едно дрво.“

За време на предизборната кампања, новоизбраниот градоначалник на оваа општина ветил решавање на проблемот со отпадот, проблемот со кучињата скитници и преместување на депонијата од градот Кичево.