Отпорот кон дезинформациите: Потребна е соработка и дијалог во сите нивоа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За да се постигне отпорност кон дезинформациите, извршниот директор на фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, изјави дека мора да се подготви стратегија и систем со кој би се намалиле ризиците и последиците од дезинформациите, но за тоа е потребна соработка со институциите.

Холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, порача дека не треба секогаш да се фокусираме на проверка на фактите, туку треба да се работи на менталитетот и општествениот отпор.

„Она што е најважно да се направи е да се изгради оддржливоста и општествениот отпор на штетните ефекти на овие дезинформации. Ова исто така бара национални и меѓународни насоки, повици за акција и законодавство. Ова е причината поради која критичкото мислење и промената на начинот на размислување се толку важни.“, рече Коп.

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека има портали со политичка позадина кои брзо допираат до граѓаните со дезинформации. Но, за да се бориме со нив, мора да имаме информации од јавен карактер за секоја институција.

Како општа препорака, беше истакната потребата од систематски пристап кон критичкото мислење и социјалниот дијалог на сите нивоа, па дури и дијалогот на семејно ниво.