Отстранета кабината од училишниот двор во Тетово – полицијата ги истражува сомнежите за консумирање дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Отстранета е кабината што се наоѓаше во дворот на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово, за која ТВ21 вчера извести дека се користела како простор за консумирање наркотични супстанции.

Случајот е пријавен и во СВР Тетово, а полицијата врши истрага за да утврди дали кабината била насилно отворена со цел непознати лица да влегуваат внатре и да консумираат наркотични супстанции.

Раководството на училиштето соопшти дека училишниот двор ќе биде ограден за учениците да немаат пристап до местото каде што се гради базенот.

  • -По алармирањето за случајот на Телевизија 21, дека во дворот на училиштето „Кирил и Методиј“, во една киоск-кабина, се консумирале наркотични супстанции, денеска во текот на денот киоскот е отстранет, а случајот, во попладневните часови, е пријавен и во полициската станица во Тетово, изјави Сенар Зилбехари, новинар на ТВ21.