„Отворен Балкан“ во Охрид против даночно затајување и со меѓусебно признавање на дипломите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србија, Северна Македонија и Албанија ќе се обврзат на заеднички договор за здружени напори за борба против даночното затајување во трите земји.

Ова се наведува во текстот на Меморандумот за разбирање до кој имаше пристап Радио Слободна Европа (РСЕ) и кој претставниците на трите држави треба да го потпишат во Охрид, на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ закажан за во среда, на 8 јуни.

Покрај ова, во Охрид ќе биде потпишан договор за признавање на дипломите за високо образование како и меморандуми за културна, како и соработка во областа на туризмот.

Ниту во еден од четирите планирани документи не се спомнува проширувањето, ама се упатува повик до другите потенцијално заинтересирани држави за идна соработка.

Инаку, на самитот во Охрид за првпат ќе присуствува и претставник на Црна Гора, премиерот Дритан Абазовиќ.