Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција информираше дека е отворен нов пункт за вакцинација во Шуто Оризари со цел да се зголеми опфатот со вакцинација.
„Околу другите поголеми градови веќе возилата со малите фрижидерчиња, согласно веќе направениот распоред, од утрово вакцинираат по одалечените рурални места“, посочи Филипче.
Тој додаде дека рано утринава се вакцинирани околу 40 луѓе.
