Во Скопје е отворено 38-то издание на Саемот на книгата, кое се одржува во арената „Борис Трајковски“ под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, кое се совпаѓа и со Светскиот ден на книгата и авторското право.
Во текот на седумте дена од саемот, организаторите очекуваат околу 30 илјади посетители, над 130 промоции на книги и учество на повеќе од 60 издавачки куќи, како и домашни, регионални и меѓународни автори како Сара Пеканен и Виола Ардоне.
Програмата вклучува средби со автори, литературни панели и интерактивни работилници, а настанот се смета за еден од најзначајните културни настани во земјава, кој го промовира читањето и ги поврзува авторите со публиката.
