Според најновите податоци на Светската туристичка организација, глобалниот туризам продолжува да расте во екот на пандемијата COVID-19, со очекуван економски придонес од 11,1 трилиони долари во 2024 година.
Во најпосетуваните 30 земји во светот во 2024 година ја нема Македонија, а најпосетена минатаат година била Франција, која ја посетиле 89,4 милиони туристи. После неа следува Шпанија со 83,7 милиони, и САД со 79,3 милиони.
Во првите 10 се уште и Кина, Италија, Турција, Мексико, Тајланд, Германија и Обединетото Кралство.
Во најпосетените 30 земји има и една држава во соседството. Станува збор за Грција, која минатата година ја посетиле 31,3 милиони туристи. Од регионот, на листата се најде и Хрватска, која била посетена од 17,4 милиони туристи.
