Ова е најбрзото исклучување во фудбалот: Заработи црвен картон за девет секунди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Луис Адвинкула, Перуанецот кој настапува за Бока Јуниорс го има еден од најбрзите црвени картони во историјата на фудбалот.

Адвинкула тргна безглаво и направи прекршок уште во 9. секунда на мечот со Крузеиро. Црвениот картон му беше покажан во 28. секунда, што важи за најбрзото исклучување во историјата на фудбалот во Јужна Америка.

Да биде трагедијата поголема, Бока беше елиминирана на крајот од пенали. Во регуларниот дел Крузеиро славеше со 2-1 (Бока славеше со 1-0 во првиот меч), и потоа преку пеналите успеа бразилскиот тим да оди во следната фаза.