„Ова е невидено во медицината! Боцкаш пациент, крв не тече, од што е густа“, вели министерот Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна еден факт, поврзан со коронавирусот, а кој не е сретнат во медицината. А тоа е сатурацијата на крвта, односно згрутчувањето.

Филипче истакна дека крвта од што е густа, не може да тече низ иглата.

„Од друга болест не сме виделе случај крвта да не може да тече низ иглата од што е згрутчена. Тоа во медицината досега е невидено“, рече Филипче.